Гордана Богеска е избрана за Претседател на Комората на медијатори на Република Северна Македонија

Комората на медијатори на Република Северна Македонија денеска одржа Собрание за избор на органите на Комората и тоа, членови на Надзорен одбор, членови на Управен одбор, членови на Етички совет  и Претседател на Комората на медијатори на Република Северна Македонија.

Собранието ја изгласа Гордана Богеска за претседател на Комората на медијатори на Република Северна Македонија. Богеска ќе биде на чело на Комората на медијатори во следните две години.

За членови за Надзорен одбор беа избрани: Ана Богдановиќ, Билјана Азеска Толеска и Ирена Цветковска.

За членови за Управен одбор беа избрани: Ќебир Авзиу, Лидија Михајловска, Мишо Живковски и Иван Радевски.

За членови за Етички совет беа избрани: Дарко Ѓорѓиевски, Александар Крстев, Јелена Саздовска, Атанас Атанасов, Сања Јорданова