Повик за доставување кандидатури за членови на органите на Комората

Почитувани колеги медијатори – членови на КМРСМ, Верификационата комисија, избрана на седницата на Вонредното Собрание одржано на ден 22.01.2022 г., во состав, Борче Мирчески, Милева Младеноска и Рефика Муриќ, согласно одлуката за одржување на Собрание за избор на органите на Комората (Изборно собрание), донесена на седницата на вонредното собрание на КМРСМ, одржано на ден 22.01.2022 година, Ве известува дека на ден 30.01.2022 година, објавува
 
 
                                                                                           П О В И К
                                    За доставување кандидатури за членови на органите на Комората – 
 
 
Согласно Законот за медијација, Изборот на членови на органите на Комората се врши на Собрание за избор на органите на Комората (Изборно собрание).
 
Изборното собрание е закажано за ден 26.02.2022 година во 12 часот .
 
Изборот се врши од редот на членовите на Комората.
 
Еден член на Комората може да биде избран само во еден орган, освен претседателот на Комората кој по функција е и претседател  на Управниот одбор.
 
На Изборното Собрание закажано за ден 26 февруари 2022г., согласно Законот за медијација,ќе се врши избор на следниве органи:
 
  1. Надзорен одбор кој треба да брои ......3 члена, со мандат од 2 години
  2. Управен одбор , кој треба да брои ......5 члена, со мандат од 2 години
  3. Етички совет на Комората, кој треба да брои ......5 члена, со мандат од 3 години
  4. Претседател на Комората,  со мандат од 2 години
 
 
Изборот  на органите ќе се одвива  по горенаведениот редослед, односно прво ќе се врши избор на членови во Надзорниот одбор, Управниот одбор,  Етичкиот Совет, а на крај се врши изборот на претседател на Комората.
 
 
Пријавување на кандидати за органите на КМРСМ се врши најдоцна до 18.02.2022 година до 24 часот, по електронски пат на следната електронска адреса:     kmrsm.kandidaturi@yahoo.com
 
Пријавите кои ќе пристигнат подоцна од наведениот термин, ќе бидат од страна на Комисијата  отфрлени како ненавремени.
 
Кандидатите за членови на Надзорен одбор и Етички совет на Комората се должни да ја пријават својата кандидатура до Комисијата за избор и именување.
 
 
Кандидатите за членови на Управниот  одбор на Комората се должни покрај пријава за  својата кандидатура, до Верификационата Комисијата да достават своерачна изјава во смисла на член 48 ст. 3 од Законот за медијација, со која ќе потврдат дека не се членови на орган на управување во друг орган или организација.
 
Кандидатите за претседател на Комората се должни да ја пријават својата кандидатура заедно со Програма за работа на Комората за наредните 2 години. Поднесената кандидатура без програма за работа , Комисијата ќе ја смета за неуредна и истата ќе биде отфрлена.
 
Уредните пријави и програмите за работа на Комората за времетраењето на мандатот, која кон кандидатурата се должни да ја достават кандидатите за претседател на Комората, Комисијата ќе ги објави на веб-страницата на Комората.
 
Изборот на органите на Комората и претседател на КМРСМ ќе се врши непосредно, по пат на тајно гласање од страна на медијаторите присутни на седницата на Изборното Собрание закажано на ден 26 февруари 2022г.
 
За тајното гласање  ќе бидат изработени гласачки ливчиња според редоследот  на пријавување на кандидатите.
 
За сите нејаснотии може да поставите прашања  на следната електронска адреса:     kmrsm.kandidaturi@yahoo.com , Комисијата ќе Ви одговори во рок не подолг од 24 часа, а со прашањето и одговорот ќе бидат запознаени сите медијатори – членови на Комората.
 
 
 
 
 
                                                                                    Верификациона комисија,