Комората на медијатори на Комората на Медијатори на Република Северна Македонија (КМРСМ) учествуваше на конференцијата на тема: ′′Медијација и правдата на Западен Балкан - зајакнување на врските′′ во он-лајн формат, која беше организирана од Регионалниот Совет за соработка (РСС) и Здружението на медијатори од Југоисточна Европа и на која учествуваа 15 говорници и над 100 учесници од 15 земји. Учесниците работеа во четири панели: ′′Проценка на поврзаноста меѓу медијацијата и правдата во регионот на Западен Балкан", ′′Проследување предмети во медијација од правосудниот систем", ′′Вклучување на судот, органи за спроведување на законите и администрација“, ′′Квалитетот на медијацијата". Тие разменија искуства и препораки за подобрување на употребата на медијација како начин за решавање на споровите. Во работата на конференцијата учествуваа претставници на власта и јавната администрација на земји учеснички, медијатори, професори, судии, адвокати, претставници на граѓанското општество и на органот за спроведување на законот и институции за заштита на човекови права.
|
Претседателот на КМРСМ м-р Славе Младеновски беше еден од говорниците на основниот панел и при тоа на организаторот му се заблагодари за поканата ги поздрави учесниците од свое име и од име на Комората на медијатори и додаде дека оваа и слични Конференции се добра основа за размена на мислења и искуства во промоција на медијацијата. Излагањето на претседателот Младеновски, кое беше со наслов: Со развојот на медијацијата, создаваме подобро општество и со примена на медијација расте бизнисот, ви го презентираме во продолжение.
Комората на медијатори на РС Македонија, која е формирана во 2017 година, по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Владата на РС Македонија во 2019 година, обележува исклучително поволен тренд во развојот на медијацијата во македонското општество. Во истата година, Владата донесе заклучок со кој бара засегнатите страни во јавниот сектор да користат медијација во решавањето на нивниот спор и укажува дека со примената на овој механизам значително се заштедуваат буџетски пари. Искуството на медијаторите во Северна Македонија, една година од овој заклучок е позитивно, со тоа што истакнуваат дека поголемиот дел од општеството, а особено бизнис заедница, сè уште не е доволно информирана за предностите на медијацијата во однос на судските постапки. Медијаторите посочуваат дека најчесто, во врска со видот на споровите, правните и физичките лица се јавуваат кај медијаторите кога имаат работен спор, стопански спор или спор од мала вредност. Медијаторите на Северна Македонија практично покажаа и докажаа, она што јавно го зборуваа во медиумите и пишуваа стручни текстови во претходните три години дека процесот на медијација е ефикасен, економичен и пожелуван за секого, односно дека досега за 2017 и 2018 година биле пријавени над три илјади (3000) барања за медијација. Нашата проценка е дека оваа бројка се зголемува од година во година и така ќе биде и во наредниот период ако дојде до усвојување на измените и дополнувањата на законот за парнична постапка според кој се предвидува задолжителна обид за медијација за работните, стопанските и споровите од мали вредност.
Како што е познато во претходниот период, во сите извештаи на Европската унија е наведено дека судскиот систем во нашата земја е подложен на влијание на извршната власт, дека не е имун на корупција и дека има судии кои свесно донесуваат пресуди спротивно на законот
. Граѓаните и бизнис секторот се помалку веруваат на судскиот систем дека може да (им) донесе правда, разочарани се од должината на судските постапки и имаат тенденција да се сомневаат во стручноста на некои судии кои честопати се нарекуваат сваровски судии.Бројот на спорови, што ќе бидат решени со медијација во македонското општество, не само што ќе се зголемува, туку очекуваме значително да се подобри сликата во општеството и перцепцијата на јавноста за можностите за доаѓање до правда или правично решение. Преку информирање и едукација на граѓаните, потоа законски измени и со создавање услови за развој за поголема примена на медијацијата при решавање спорови, објективно се надеваме дека медијацијата ќе биде првиот избор за страните во спорот во однос на судската постапка и реално очекуваме да покаже дека тоа е вистинскиот пат доспогодба на задоволство на страните. Во наредниот период, нашата комора уште повеќе ќе се фокусира на унапредување на медијацијата со цел да им објасни на бизнисмените, во време на криза, дека медијацијата е рационална и разумна постапка и дека брзото решение е основа за раст на бизнисот. За да ја постигне оваа цел, Комората е партнер со Институтот за европска политика и Академијата за судии и јавни обвинители, со кои ќе спроведе проект поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ во следните две години. Со овој проект организираме две меѓународни конференции на тема Медијација и бизнис, односно тоа ќе бидат втората и третата европска конференција во Северна Македонија, посветена на медијацијата. Потоа, се планира краток студиски престој во Холандија за медијатори од РС Македонија и посета на предавачи од Холандија во РС Македонија, од кои очекуваме да одржат неколку предавања и да ги споделат своите искуства. Со здруженијата со кои КМРСМ потпиша Меморандум за соработка, преку овој проект, ќе ги поканиме колегите медијатори и очекуваме заедно да спроведеме серија работилници за бизнис заедницата и за граѓаните каде што главната порака ќе биде дека „со примена на медијација бизнисот расте“,односно со развојот на медијацијата создаваме подобро општество“.
За нас е особено важно да пренесеме лични искуства за примена на медијација и да ги слушнеме колегите од регионот за да можеме, доколку е можно, да имплементираме некои решенија во нашето општество. Оваа конференција во Мостар, како и сите други слични претходно одржани во Загреб, Сараево и Скопје, имаат мисија да ја промовираат медијацијата во регионот. Како потпретседател на Здружението на медијатори на Југоисточна Европа, во кое членуваат медијатори од повеќе земји од нашиот регион, сакам да истакнам дека оваа соработка во наредниот период може да биде поинтензивна за доброто на сите нас медијатори. Само како предлог или како израз на добра волја за заедничка соработка, доколку Здружението или Комората на медијатори прифати, можеме да преземеме, разменуваме и објавуваме стручни текстови на нашите или нивните веб- страници. Факт е дека оваа криза со covid 19 ги спречува контактите и дружењате, односно го спречува патувањето на граѓаните во други земји и поради оваа ситуација за која не знаеме колку ќе трае, мислам дека треба да најдеме други форми на соработка во иднина. Со објавување на стручни текстови на медијатори од регионот, потоа нивни интервјуа и други пишани форми на веб- страниците на Комората на медијатори во сите земји, ја охрабруваме јавноста да се заинтересира за медијација и постигнуваме запознавање со различни луѓе и со нивните искуства за медијација.
На крајот од мојата презентација, само кратка порака за перспективата и развојот на медијацијата во регионот. Имено, ако имаме редовна и конкретна соработка во текот на годината и на вакви конференции разменуваме искуства за период од една година, тогаш можеме да бидеме оптимисти дека медијацијата ќе стане важно орудие и оружје или алатка во рацете на граѓаните за да постигнат правично решение во споровите.
https://www.balkanmediation.org/events/mostar-mediation-conference-2020/people/