Во рамки на денешната официјална средба на Владиниот економски тим со Сојузот на стопански комори каде член е и Комората на медијатори, од страна на премиерот Зоран Заев и од Претседателот на ССК,Данела Арсовска, потенцирана е важноста на партнерскиот однос на Владата со Сојузот на стопански комори преку остварување на приоритетната цел, бизнисот да добие соодветна таргетирана помош, меѓу другото и од аспект на обезбедување на владеење на правото и слободен пристап до правда за бизнис секторот.
Медијацијата преку која се обезбедува спогодбено решавање на трговските спорови вон судска постаппка, со помали трошоци и на брз и ефикасен начин е еден од механизмите кои им стојат на располагање на деловните субјекти при решавање на споровите.
Во рамки на Сојузот на стопански комори функционира Центарот за медијација преку кој стопанствениците може да добијат информации за решавање на споровите со медијација.
На денешната средба, како претставник на Комората на медијатори беше присутен Претседателот м-р Славе Младеновски.
Комората со зачленувањето во ССК доби директна поддршка за промоција на спогодбеното решавање спорови од бизнис заедницата, а има веќе воспоставен партнерски однос и со Владата на РСМ, со склучениот Меморандум за соработка од 14.Март.2019 година што резултираше меѓу другото и со усвоениот Заклучок на Владата од 04.Јули.2019 година, со кој се даде препорака за сите државни институции и општините да користат медијација како начин на решавање на спорови со цел заштеда на средства од Државниот буџет. Заклучокот повеќе од една година дава одлични резултати и е добра основа за промоција и поттикнување на развојот на медијацијата во државата.
ССК од Владата побара итно нов сет мерки за спас на економијата