Медијацијата доби искрена поддршка од Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски

Делегација на Комората на медијатори, предводена од претседателот м-р Славе Младеновски на 04.12.2019 година оствари работна средба со Претседателот на државата г-дин Стево Пендаровски Целта на средбата беше заедничката заложба на медијаторите и Претседателот Пендаровски. да се даде поддршка на мирното и ефикасно решавање спорови во сите оние случаи кога медијацијата е подобна според законската регулатива да се примени.

Претседателот Пендаровски го поддржува концептот на медијација и изрази искрена заложба за нејзина поголема промоција, заради намалување на конфликтноста и поделеноста во повеќе сегменти на општественото живеење во државата. Поддржува примена на економично, ефикасно и флексибилно решавање на споровите, особено кога во споровите учествува државата преку државните институции, се со цел да се избегне непотребно парничење и предизвикување високи трошоци на штета на државниот буџет. Притоа, ја потенцираше и важноста на улогата на судиите како активни промотори на вонсудското решавање спорови со медијација предметите што се подобни да се решат со медијација заради можноста за задржување, обновување и натамошно одржување добри односи на спротивставените страни.

Претседателот Пендаровски преку неговата улога да обединува и да поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање, се заложи за обезбедување примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.

Претседателот на Комората не медијатори, м-р Славе Младеновски, го информираше г-дин Пендаровски за конкретните активности на Комората и за улогата на медијаторите кои со посредување како трета неутрална страна, во вистинска смисла обезбедуваат заштита на интересот на учесниците при решавањето на споровите без оглед дали учесници се граѓаните, државните институции или бизнис секторот. Младеновски укажа дека постапката на медијација е таква што донесува правда за сите што решиле на таков наќин да го решан спорот.

Според Младеновски кога се има предвид големината на нашата држава, нејзината територија и бројот на жители, расположливиот број на лиценцирани медијатори и бројот на регистрираните успешно решени предмети со медијација е на прво место во регионот. Младеновски е согласен со констатацијата дека поголем број спорови решени по пат на медијација, носат економичност, ефикасност, брзина и флексибилност во решавање на споровите што е особено важно од аспект на заштеда на средствата од буџетот на државата на граѓаните и на фирмите. Со зголемување на развојот на медијацијата, со нејзина промоција и со зголемена примена од правните субјекти и граѓаните се решаваат конфликтни ситуации, се намалува поделеноста во општеството, се гради гради правна култура за компромис разбирање и продолжува соработката.

Галерија