Kонференција со наслов „Нотарски денови“

На 19 и 20 октомври во Струга во организација на Нотарската Комора на Република Северна Македонија беше одржана конференција со наслов „Нотарски денови“ на која судии, професори и други говореа за прашања поврзани со нотарката работа.

Учесниците може да ги слушнат размислувањата и ставовите на судија Александар Шопов Основен суд Велес на тема: „Отворени прашања и дилеми во врска со нотарските исправи со извршна клаузула, ништовност на нотарски акти и укинување на потврда на извршност“, на Проф. д-р Ангел Ристов, Правен факултет Јустинијан Први Скопје за „Реформите во наследното право и посебен осврт на наследните права на чуваник и хранител, одделување на имот од наследникот, примената на институтот легат во тестаментално наследување и наследување на земјоделско земјиште “ и на судија Ирена Костадинова Ангелова Основен граѓански суд Скопје на тема: „Судска практика и проблеми во оставинската постапка со посебен осврт на наследните права на чуваник и хранител, одделување на имот од наследникот, примената на институтот легат во тестаментално наследување и наследување на земјоделско земјиште“.

На оваа конференција беа поканети Коморите на медијатори и на извршители, претставници од Министерството за правда, судии и други.  Комората на медијатори на Република Северна Македонија ја претставуваше претседателот на Комората м-р Славе Младеновски, а членови на делегацијата беа Билјана Азеска Толеска, член на Управен Одбор, Дејан Белевски, Претседател на Надзорен Одбор  и Милева Младеновска, член на Комисија за меѓународна соработка.

Претседателот Младеновски во своето обраќање пред нотарите и другите гости истакна дека Комората на медијатори е формирана пред 2 и пол години и од тогаш започнале да ги градат темелите на сопствената куќа за во неа да се негуваат, развиваат и почитуваат принципи, правила и вредности, како што се: доброволност, доверливост и дискретност и да придонесат со својата работа за поголема меѓусебна соработка меѓу страните што имале спор.

Во поглед на досегашната соработка со Нотарската Коморана, претседателот Младеновски истакна дека  верува и се надева во наредниот период може да биде уште поголема при што додаде дека, пред се мисли на организација на заеднички настани, како што се конференции, обуки и предавања и учество во реализација на проекти од заеднички интерес. На крајот од своето обраќање Младеновски ги покани нотарите да бидат учесници во постигнувањето успеси во промоцијата на медијацијата и рече: „Комората во досегашниот период, а така ќе биде и во наредниот со професиите на кои се упатени медијаторите, како што се нотарите и адвокатите гледа со очите на партнери и соработници во насока на презентирање на медијацијата како соодветна постапка за брзо и ефикасно решавање на споровите. Како претседател на Комората на медијатори, можам да истакнам дека поседуваме потенцијал и стручност, Република Северна Македонија да ја направиме да биде лидер во регионот според решени спорови со медијација за неколку години и затоа ве поканувам како нотари да ни се придружите и да бидете еден од учесниците во овој наш успех кон кој се стремиме“.