ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА

Европскиот ден на правдата се прославува секоја година околу 25-ти Октомври со цел да ги информира граѓаните за нивните права и да ја доближи правдата блиску до нив.
По повод 25-ти Октомври 2022 година, Комората на медијатори на Република Северна Македонија (КМРСМ) преку медијаторите како нејзини членови го одбележи денот со организирање повеќе средби со граѓани во неколку градови во Македонија.
 
На овие средби медијаторите им ја претставуваа концепцијата на мирно решавање на спор на граѓаните и ја презентираа постапката на медијација преку која граѓаните може да дојдат до полесен пристап до правда.
На разговорите со граѓаните, медијаторите одговаараа на конкретни прашања за примена на постапката во ситуација кога граѓанинот би се решил да користи медијација.
Медијаторите пред неколку Основни судови ( Скопје, Куманово, Охрид) на граѓаните им беа поделени флаери и истите беа информирани со основни карактеристики и предности на медијацијата во однос на судската постапка.
 
На овие куси разговори, медијаторите презентираа како полесно да пристапи граѓанинот до правда, избирајќи ја медијацијата за решавање на нивните спорови.
На Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово беше спроведена и презентација пред студентите за начинот на водење на постапката на медијација.
 
Во рамки на кампањата „Јас сум повеќе од она што се случи“ во организација на УНИЦЕФ, а во соработка со Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, организира прикажување на филмот „Мудроста на траумата“ во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Дел од медијаторите кои беа поканети на настанот, по завршување на проекцијата имаа можност да поразговараат со присутните во делот на примена на медијцијата, согласно Законот за правда на децата и предноста на нејзината примена.
 
КМРСМ во наредните неколку денови ќе продолжи со промотивни активности во оваа недела по повод на европскиот ден на правдата, со цел на поголем број граѓани да им ја презентира постапката на медијација како ефикасна, исплатлива, рационална и флексибилна при решавање спор.

Галерија