Владата на Република Северна Македонија донесува Програма за развој на медијацијата во која се определуваат мерки за поддршка и развој на медијацијата и финансиски средства за реализација на програмата, што како обврска произлегува од член 34 од Законот за медијација (Сл.Весник на РСМ бр 294/21).
Посебна годишна програмата за поддршка на медијација во РСМ ја донесува Судскиот совет на РМ како една од двете предвидени посебни програми за поддршка на овој вид на алтернативно решавање на споровите во РСМ, што како обврска за Судскиот совет произлегува од чл.34 од Законот за медијација (Сл.Весник на РСМ бр.294/21) .