Перцепција на јавната администрација и приватниот сектор за медијацијата како начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија


За целите на истражувањето беше спроведена репрезентативна анкета со вработените во приватниот сектор и јавната администрација за користа од медијацијата и употребата на медијацијата во Република Северна Македонија.

Анкетата беше спроведена со цел да се добие поголем увид во мислењето и перцепцијата за медијација на истите и со добиените резултати да се допринесе кон утврдување на фактичката состојба за ова прашање, како и да се понуди преглед на аспектите кои е потребно да бидат унапредени институционално и/или законски. Анализата на добиените резултати има за цел да послужи како основа за понатамошно планирање и развивање на стратегија за промовирање на медијацијата како постапка за алтернативно решавање на споровите.

Линк од извештајот