ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА - МЕДИЈАЦИЈА- за нова култура во решавањето на споровите

Институтот за европска политика (ЕПИ) ја организира годишната конференција „Медијација- за нова култура во решавањето на споровите“.

Конференцијата ќе се одржи на ден 9 јуни (среда), онлајн преку платформата Zoom, со почеток во 10.30 часот.
Целта на конференцијата е да се овозможи детална дискусија за состојбите за користењето на медијацијата, нејзините придобивки како алтернативен начин на решавање на споровите со медијација во посебни гранки од правото, како и да се прикажат најдобрите практики и искуства од други земји; и да се запознаат граѓаните и деловните субјекти со медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите.

Превод ќе биде обезбеден од македонски на англиски и албански јазик.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Агенда: https://bit.ly/3idontY

Регистрирајте се за настанот: https://bit.ly/3wICZWa